Хрватска – Унгарија 9:8 е епилогот од второто финале на ЛОИ во ватерполо. Со тоа Хрватите си закажаа епско финале против Србите кои пак претходно во првото полуфинале славеа против САД.
Секако дека пред нас е мега – спектакл, Хрватска против Србија во битка за златниот медал на ЛОИ. Ова финале е на програмата во недела од 14 часот.
Јасно е дека не беше лесно за Хрватите против силната селекција на Унгарија. Сепак во текот на целиот меч имаа резултатска контрола, Унгарците се заканија во финишот, но сепак на крајот “баракудите“ на селекторот Туцак беа тие кои се радуваа.