Волф ја спушти „ролетната“: Германија ја „спакува“ Шпанија и завери финале на ЛОИ

82

Репрезентацијата на Германија е прв патник во финалето на ракометниот турнир на ЛОИ во Париз, откако славеше против Шпанија со 25-24. Во битка за златниот медал ќе го чека подобриот од мечот меѓу Словенија и Данска. Главен виновник беше Андреас Волф со 21 одбрана.

Ова беше уште еден голем меч за македонските арбитри, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои беа одлични како и секогаш.

Германија имаше шанса првото полувреме да го заврши со водство, но по 10-6, Шпанците се вратија во игра благодарение на грешките на противникот. На одморот израмни на 12-12, а повторно расположен беше Перез де Варгас.

Ова беше најава за интересна завршница. Германија не успеа да ги искористи одбраните на Волф, имаше и плус три (19-16), но Шпанија целосно се врати и успеа да поведе со 23-24. Голманот на Германија со две одбрани спречи противникот да дојде на плус два, на другата страна Де Варгас исто беше во форма.

Мертенс израмни на 24-24 на 3:30 минути до крајот. По 20-та интервенција на Волф, Кнор го врати водството на Германија (25-24). Откако не го искористи последниот напад, на голема среќа Шпанија не успеа да ги искористи последните десет секунди за голема радот во редовите на Германија.

ПретходноОфицијално: Шкендија се пофали со Валон Ахмеди!
СледноМитев: Со новите засилувања очекувам да го повториме и надградиме успехот од лани!