Поранешниот јапонски репрезентативец Кеисуке Хонда има 38 години но се уште не планира да стави крај на фудбалската кариера. Сега ќе игра во клубот од Бутан. Клубот се вика Паро и минатата сезона стана шампион на оваа држава, а сезонава е лидер во локалното првенство без ниту еден пораз.
Клубот има потреба од засилувања затоа што ќе игра во азиската Челенџ лига, во кои играат екипи од Бангладеш, Кувајт, Палестина, Оман и други послаби азиски првенства.
За да се пласира во групната фаза Паро треба да го елиминира Чрч Бојс Јунајтед од Непал. А Паро се надева на помош на Хонда не само на овие мечеви, туку и при евентуален пласман во групите.
Хонда играше за екипи од сите континенти, освен Африка – Јапонија, Холандија, Русија, Италија, Мексико, Австралија, Бразил, Португалија, Азербејџан, Литавнија, а има и обид како тренер затоа што краток период беше на кормилото на Камбоџа.