Дани Олмо со емотивна порака се збогува со Лајпциг

131

Пред заминувањето во Барселона, Дани Олмо се прости од Лајпциг со емотивна порака на социјалните мрежи и им се заблагодари на клубот и навивачите за фантастичните четири години што ги помина во тој клуб.

„Млад клуб, млад играч… Пораснавме, ги освоивме првите трофеи и заедно испишавме историја. Две Купа и Суперкуп се само дел од многуте незаборавни моменти кои ќе останат со мене засекогаш. Ти благодарам Лајпциг, засекогаш ќе бидеш во моето срце“, напиша еден од најдобрите играчи на неодамна завршеното Евро.

РБ Лајпциг ќе добие 55 милиони евра и бонуси во висина од седум милиони евра, а Олмо ќе потпише со Барса на шест години. Шпанскиот напаѓач претходно ги договори сите услови за соработка со Барселона, а денеска спортскиот директор на Барса Деко ја заврши својата работа во Германија.

ПретходноРаботнички го претстави Лука Робакидзе
СледноРаботнички промовира две засилувања во само половина час