Неколку италијански медиуми тврдат дека шпанскиот голман Давид Де Геа ќе игра во италијанската Серија А. Тој ги договорил личните услови со Фиорентина и како слободен играч ќе потпише едногодишен договор со опција за уште една.
Де Геа нема играно фудбал преку една година, откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед во јули 2023 година. Тој до сега не успеваше да најде интересен проект. Некои пишуваа дека причината за тоа што Де Геа се уште е без клуб се неговите високи барања кои не можат да ги исполнат заинтересираните клубови.
Неофицијално, Де Геа ќе заработи 1 милиони евра плус бонуси за првата година, а ако биде активирана опцијата за втора година тогаш платата ќе му се удвои на 2 милиони евра.
Инаку Де Геа ја почна кариерата во Атлетико Мадрид и во 2011 година отиде во Манчестер Јунајтед.