Интересен податок кога се однесува за вечерашното финале во трискок во машка конкуренција. Имено тројца Кубанци скокаа за три европски земји и сите тројца освоија медали.
Златото замина во Шпанија зошто најдобар скок имаше Џордан Диаз и тоа 17,86 метри. Втор заврши Педро Пичардо кој скокаше за Португалија со скок од 17,84 ,метри или два санмитри помалку од Диаз.
Додека бронзата замина за Италија зошто Кубанецот со италијански пасош, Диаз Хернандез имаше скок од 17,64 метри.