Олимпискиот шампион Новак Ѓоковиќ нема да игра на Мастерсот во Синсинати на кој минатата година ја освои титулата. Лани на истиот турнир играше финале со Карлос Алкарас и успеа да победи. Сега од Охајо стигна информација дека Новак нема да го брани трофејот.
„Го разбираме Ѓоковиќ. Доаѓањето во Синсинати во краток период од неговиот олимписки триумф“, изјави директорот на турнирот Боб Моран.
На Ѓоковиќ, кој е рекордер по бројот на мастерс титули, целта му беа Олимписките игри, а сега сака да се одмори. Поради тоа што нема да игра во Синсинати ќе изгуби 1000 бодови.
Ѓоковиќ ќе се фокусира на УС Опен во Њујорк на кој ќе приба да стигне до 25. Гренд слем во кариефата.