Митев: Со новите засилувања очекувам да го повториме и надградиме успехот од лани!

189

РК Алкалоид ја почна втората фаза од подготовките за својата трета суперлигашка сезона во која ќе настапува како актуелен освојувач на Купот на Македонија.

Предвидено е тимот да одигра неколку контролни натпревари од кои најголемиот дел ќе бидат против странски екипи. Првиот меч ќе биде против екипата на РК Врање, по што ќе следи настапот на меморијалниот турнир „Крсто Андоновски“ во Охрид во периодот од 20 до 24 август. Потоа ќе продолжат подготовките во Скопје, со можност да се одиграат уште контролни средби.

Марко Митев, еден од лидерите на бранителот на Куп пехарот очекува во ЕХФ Купот да влезат поискусни, заедно со новите засилувања да играат на уште повисоко ниво.

„Ми недостасуваше одново да бидеме активни со ракометот по паузата. Со новите засилувања оваа сезона очекувам да бидеме на повисоко ниво и да го повториме и надградиме успехот од лани во лигата, Купот на Македонија и во Европа. Годинава ќе бидеме дел и од ЕХФ Купот, влегуваме поискусни заради натпреварите кои ги одигравме лани. Се работи за натпреварување со поинаков систем од Европската лига на ЕХФ и очекуваме да биде доста интересно за нас како млада екипа која сака да напредува од година во година“, порача Митев. 

ПретходноВолф ја спушти „ролетната“: Германија ја „спакува“ Шпанија и завери финале на ЛОИ
СледноОдбојкарите на САД ја освоија бронзата!