На крајот драма, Данска со триумф над Словенија за пласман во финалето!

197

Данска е вториот финалист на ракометниот турнир и во битката за златото ќе се сретне со Германија, додека борбените Словенци ќе мора да се задоволат со малото финале, она во битката за бронзата и тоа против Шпанија.

Ете тоа е епилогот од вториот полуфинален меч меѓу Данска и Словенија, кој на крајот го добија Данците со 31:30. Треба да се каже дека Словенците во последните секунди имаа напад за израмнување, можеби имаше и седмерец, но судиите, иако го гледаа тој фаул и на видео, сепак не покажаа на седум метри за Словенија, туку само удар од девет метри. Словенците тоа не го искористија и Данска победи.

Треба да се каже дека оваа победа на Данска е заслужена, зошто во текот на целиот меч имаа водство. Таа разлика се “билдаше“ но Словенците се разбудија во финишот, сепак тоа беше доцна.

Влах и Бомбач постигнаа по седум голови кај Словенците, додека Ландин кај Данците беше најефикасен со Ландин со 6 голови.

ПретходноБенџамин го победи Вархолм во битката за златото на 400 метри!
СледноПеп Гвардиола: Морам да одлучам што сакам да правам со мојот живот!