Она што го најавивме пред два дена, од денеска е и официјално. Искусниот играч за врска Валон Ахмеди (29) е нов член на Шкендија, односно тој по три години се врати во клубот под Шара. Секако дека тетовци во Ахмеди добиваат екстра засилување во линијата за врска.
Ахмеди дојде во Шкендија од Шахтјор Солигорск.Тој таму забележа 82 настапи и постигна 10 голови. Беше еден од најдобрите играчи на овојк тим со кого освои и две шампионски пехари во првенството на Белорусија. Нема што, Шкендија не се шегува. По Ибраими и Ахмеди, сега на ред е промоцијата на Фреди Алварез иако и тука нема да се застане. Се шпекулира со уште две нови имиња.