Работнички го претстави Лука Робакидзе

203

Екипата на Работнички пред стартот на сезоната го претстави најновото засилување во своите редови Лука Робакидзе. Станува збор за 24-годишен фудбалер кој е дефанзивен играч за врска.

За Грузиецот македонскиот шампионат не е непознат, бидејќи минатата сезона го носеше дресот на штипска Брегалница, која се пресели во Втората лига.

Претходно Робакидзе настапувал за грузијска Самтредиа, но и за чешки Силон Таборско.

ПретходноШпанското крило од Баерн се врати во Шпанија
СледноДани Олмо со емотивна порака се збогува со Лајпциг