Скопје домаќин на Европски Куп за јуниори во џудо

23

Викендот на 10 и 11 август (сабота и недела) во Скопје ќе се одржи вториот Европски куп за јуниори во џудо – Скопје 2024, натпревар во организација на Џудо федерацијата на Македонија.

На вториот по ред Европски куп во џудо за јуниори – Скопје 2024 година ќе учествуваат натпреварувачи од 26 земји, од кои 163 во машка и 106 во женска конкуренција или вкупно 269 пријавени учесници.

Репрезентацијата на Македонија ќе ја сочинуваат 19 натпреварувачи, од кои 10 машки и 9 женски, предводени од селекторот Александар Фузевски.

Овој настан е од големо значење за џудо федерацијата на Македонија, бидејќи е генерална проба пред организацијата на Европското кадетско првенство во џудо, кое на крајот на јуни следната година ќе се одржи во Скопје. Од таа причина во Скопје е и потпретседателот на Европската џудо унија (EUJU), Катерина Родригез, која има задача да ја анализира организацијата на Европскиот куп во џудо за јуниори и да даде насоки за добра организација на Европскиот Кадетско првенство во следните години.

Натпреварите на Европскиот куп во џудо за јуниори – Скопје 2024 ќе се одржат во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, во сабота и недела од 10:30 часот започнуваат натпреварите, а финалните пресметки ќе се играат во 17 часот. Свеченото отворање е во сабота на 10 август од 16:30 часот.

ПретходноОфицијално: Англија доби нов селектор! (ФОТО)
СледноЗлато за Американките во штафетата 4Х100 метри!