Важеше за голема фаворитка и во целост успеа да ја оправда таа улога, се разбира дека ова важи за Беатрис Чебет од Кенија која вечерва триумфираше на 10.000 метри во женска конкуренција.
Чебет истрча време 30:43, 25 минути што беше сосема доволно за победа и за голема радост.
Сепак не беше така лесно ако се знае дека Батоклети од Италија заостана само за 10 стотинки, додека трета заврши Сифан Хасан од Холандија.
Голема трка на 10.000 метри, но сепак радост за Кенија.