Како што дознаваме раководството на Брера има намера да го засили својот тим со интернациналец од Колумбија. Станува збор за Јорк Бечера (25) кој игра во линијата за врска, може да игра и во дефанзивата.
Тој директно доаѓа од Колумбија, досега во Европа нема играно а во својата земја бил член на повеќе екипи како Реал Картагена, Букараманга, Замора, Форталеза.
Се очекува набргу и промоција во дресот на Брера Струмица. Клуб кој во сезоната што е пред нас, стартува во недела, има не така мали амбиции со оглед на тоа како струмичани го одработуваат летниот преоден рок.