Едноставно непобедливи: Шпанците го освоијa златото и на ЛОИ!

203

Какво финале на фудбалскиот турнир? Каков трилер меч за златниот медал на ЛОИ. Шпанија и Франција одиграа меч за сите вкусови, но во ова финале мораше да има само еден победник, а тоа беше селекцијата на Шпанија која со 5:3 ја победи Франција и тоа по продолженијата.

Па така “Фуриојата“ откако беше прва на ЕУРО 2024 пред еден месец, сега го освои златото и на ОИ.

Милот во 11.минута и донесе водство на Франција, Шпанците вратија со два гола за водство од 2:1 и тоа преку Лопез во 18. и 25.минута. Веќе во 28.минута Баена стрела за 3:1 за Шпанија.

Домашната селекција во второто полувреме и тоа како се врати па така со головите на Аклиуче во 79.минута и Матета во 90+3.минута израмнија на 3:3 и ова финале отиде во продолженијата.

А таму Камело со два гола стави точка на ова блескаво финале за конечни 5:3 и за триумф на Шпанија.

ПретходноКанада славеше во машката штафета 4Х100, дебакл на Американците!
СледноВатерполо: Хрватите ја “потопија“ Унгарија и си закажаа епско финале против Србија!