Леброн им се поклони на српските кошаркари

4917

САД во лудо полуфинале ја победи Србија со 95:91 и се пласираше во финалето. Србите водеа цел натпревар, во вториот дел имаа и 15 поени предност, но на крајот загубија. САД одиграа фантастични последни 10 минути и стигна до победа вредна за финалето каде утре од 21:30 часот играат против Франција.

По натпреварот Леброн им се поклони на соиграчите и противниците:

„Шефот Кари го одигра мечот во најдобар стил. Ни требаше вистинскиот Џоел и таков беше. Го гледавме во борбите со Јокиќ. Тоа се двајцата најдобри големи играчи што ги имаме во НБА. Секоја чест за Србија, морам да и оддадам големо признанието. Дадоа се што имаа против нас. Ова се одлични момци, одиграа неверојатно“, изјави Леброн.

Колку за Леброн значи победата против Србија, говори и фактот што еден од најдобрите кошаркари во историјата, кој освои четири шампионски титули во НБА, МВП на финалето и сезоната и два олимписки златни медали, по драмата изјави:

„Ова е еден од најдобрите моменти во кариерата. Имам 39 години, влегувам во мојата 22-ра сезона. Не знам уште колку можности и вакви моменти ќе треба да се натпреварувам за нешто големо и да играм големи натпревари. “

ПретходноДе Геа се враќа на терените, се договорил со клуб од Серија А
СледноСкандал: Светската антидопинг агенција откри дека Американците „замижувале“ пред позитивните спортисти