Во битката за третото место одбојкарите на САД со 3:0 (25:23, 30:28 и 26:24) во сетови ја победија Италија и го освоија бронзениот медал на ЛОИ во Париз.
Италијанците колку и да се трудеа, речиси го дадоа својот максимум, но на крајот мораа да му честитаат на подобриот од себе.
Расел со 15 поени и Дифалко со 12 беа предводници во победата на Американците.
Да потсетиме дека големото финале се игра утре од 13 часот а во него се среќаваат Франција и Полска.