Екипата на Работнички пред стартот на сезоната го претстави најновото засилување во своите редови Лука Робакидзе. Станува збор за 24-годишен фудбалер кој е дефанзивен играч за врска.
За Грузиецот македонскиот шампионат не е непознат, бидејќи минатата сезона го носеше дресот на штипска Брегалница, која се пресели во Втората лига.
Претходно Робакидзе настапувал за грузијска Самтредиа, но и за чешки Силон Таборско.
Работнички во првото коло од новата сезона 2024/25, в недела на Националната арена “Тодор Проески” го пречекува Силекс.