Рељиќ: Задоволна сум од својот настап на ЛОИ, верувам во поголеми успеси

268

Се уште сме под импресии од настапот на македонската таеквондистка Милјана Рељиќ која имаше одлични борби, за жал за „влакно“ не успеа да стигне до полуфиналето.
Задоволна сум својот настап на Олимписките игри во Париз. На стартот за притивник ја имав двојна олимписка, светска и европска шампионка. Во таа борба влегов храбро и сконцентрирано, немав никаков стрес или притисок дека пред себе имам таков борец. Со тренерот смисливме добра техника, тоа и го работев, на крај ја победивме.
На втората борба, за жал, тесно изгубив од претставничката на Либан. Борбата беше изедначена, за жал, можеби фалеше малку спортска среќа. Сепак, направивме добри борби и секако тука нема да застанеме туку продолжуваме напред во поголеми успеси“, изави Рељиќ.

„Со успех се враќаме од ОИ. Направивме се за да ја претставиме Македонија во најдобро светло. Во првата борба се боревме со нашиот идол Џеј Џонс, една од најдобрите во историјата на таеквондото и успеавме да ја победиме и покрај тоа што таа имаше поголемо искуство од нас.
Во втората борба нијанси одлучуваа да не поминеме во полуфиналето. Но не успеавме, не освоивме медал, но како што гледам, ја освоивме спортската јавност во Македонија и се надевам дека ќе имаме поголема поддршка за понатаму и здравје со повеќе претставници на следните олимписки игри и да се вратиме со медал“, изјави тренерот Ефтимов.

ПретходноУнгарецот Рашовски до златото во маратонско пливање
СледноГо пaмтите ли Кеисуке Хонда? Има 38 години и ќе игра за клуб од Бутан