Стив Кер: Србија одигра фантастично, тие се кошаркарска класа

2282

Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Стив Кер по мечот ја пофали играта на српската репрезентација и ја нарече класа.
Им реков на нашите тренери дека ова ќе биде најтешкиот меч на турнирот. Го почувствував тоа. Србија одигра совршен натпревар. Погодија од многу тешки шутеви. Аврамовиќ погоди четири тројки во првото полувреме, а тоа не го очекуваш. Тоа е момент, тоа се Олимписките игри, играчите беа брилијантни, го испорачаа тоа под притисок. Србија е одличен тим, кошаркарска класа. Играат тимски и тврдо, Ова е нивниот најдобар тим, во шутерски смисол ако го споредиме со претходните“, изјави Кер.

Ова е еден од најдобрите мечеви во мојот живот. Среќен сум што победивме. Видов како некои српски играчи плачеа по мечот. Се почувствував ужасно, затоа што направија се. Играа убаво. Да бидам искрен, Србите ме направија да бидам скромен“, додаде селекторот на САД.

Во финалето САД ќе игра против Франција. Србија за бронза ќе се бори со Германија.

ПретходноПешиќ: Лут сум, не добивме респект од судиите
СледноТебого: „Не можам да бидам заштитно лице на атлетиката, затоа што не сум арогантен како Лајлс“