Шпанското крило од Баерн се врати во Шпанија

271

Шпанскиот прволигаш Осасуна објави дека крилниот фудбалер на Баерн Минхен, Брајан Сарагоса доаѓа кај нив на едногодишна позајмица. Зделката не вклучува опција за откуп и ќе биде поврзана со наем за 250.000 евра.
22-годишниот Сарагоса дојде во Баерн од Гранада во зимскиот преоден рок поради многу повредени играчи во тимот, но не успеа да избори стандардно место затоа што се појави на само седум натпревари.
Според информациите Осасуна ќе покрие поголем дел од платата на Сарагоса.

ПретходноЈованчев: Ова е само почеток, мора да останеме фокусирани – не чека тежок противник
СледноРаботнички го претстави Лука Робакидзе