На денешен ден пред 30 години, 9 август 1994 година, Вардар го одигра својот прв европски натпревар во фудбалска Европа во самостојна Македонија.
Ривал беше тимот на Бекешчаба од Унгарија, меч кој заврши со резултат 1:1.
Познато е дека Вардар во поранешна Југославија одигра неколку натпревари, посебно се памети двомечот во ЛШ против Порто во 1987 година, но тогаш беше претставник на екс-СФРЈ. Додека против Бекешчаба беше претставник на Македонија.