Работнички утре на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток од 17 часот ќе го пречека Силекс во рамките на 1.коло на новата сезона во ПМФЛ. Младиот Димитар Данев, еден од оние кои во Работнички многу се очекува во новата сезона, во пресрет на утрешниот меч со кратовци изјави:
“„Старт е на новото првенство, а секој почеток е тежок. Но, ние работевме квалитетно во текот на летните подготовки и мислам дека сме максимално подготвени за успешен старт. Имаме респект за Силекс, но максимално сме мотивирани за позитивен почеток на шампионатот. Играме на домашен терен и веруваме дека можеме да стигнеме до успех. Доколку ги исполниме задачите на стручниот штаб, се надеваме на најдобро“