Кошаркарската репрезентација на Македонија до 16 години ja совлада Шведска по продолжение со резултат 75-74 (67-67 регуларен дел) во рамките на второто коло од Европското првенство (ЕП) Б-дивизија кое се игра во Скопје.
Избранитие на Александар Јованчев беа подобри на стартот, потоа жестоко се бореа да се вратат од негатива против Швеѓаните. Успеаја да изборат продолженија.
Во дополнителните пет минути, Македонија се одлепи на 74-71 со тројка на Нешовиќ. Шведска од слободни фрлања изедначи на 74-74. Потоа Ѓорѓевиќ погоди едно од двете слободни фрлања за водство на Македонија. Швеѓаните го имаа последниот напад но не погодија и Македонија ја однесе победата.
Најефикасен кај Македонија беше Ѓорѓи Цветковски со 20 поени. Ѓорѓевиќ и Терзиевски постигнаа по 16 поени. Кај Шведска тоа беше Рубен Молемарк со 22 поени.
Следниот меч на У16 е Естонија во понеделник која исто така има две победи. Македонија во првото коло ја победи Украина.