Македонските кадети во битка за опстанок и место на М20 ЕХФ ЕУРО 2026 (ЛИНК)

181

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ќе ги одмери силите со Полска во последниот меч од групната фаза на ЕХФ ЕУРО кое се одржува во Словенија. По поразите од Франција и Германија нашите момци ќе бркаат пласман од 9-16 место или пак од 17-24, шансите за Топ 8  веќе се изгубени.

Пласманот до 16 место обезбедува опстанок и место на М20 ЕХФ ЕУРО во 2026, а може да значи и пласман на СП У19 2025. Играњето во групата од 17-24 место може да значи испаѓање од елитата и враќање во ЕХФ Шампионатите.

За да влезе во битката за пласман од 9 до 16 место, Македонија мора да ја победи Полска, ќе биде добро тоа да биде со најмалку седум гола разлика. Оваа позитива е важна за подобар пласман во однос на останатите селекции со кои „црвено-жолтите“ тркаат за подобра гол разлика.

Мечот меѓу Македонија е Полска стартува во 14:30 часот, истиот можете да го гледате на ЕХФТВ.

ПретходноМомент во Париз: Дарио Ивановски со македонското знаме низ целта
СледноПосле 20 години Данска се закити со медал на ЛОИ