Кенискиот атлетичар Емануел Вањони го освои златниот медал на трката на 800 метри со време од 1:41.19 минути. Вањони кој на 1 август наполни 20 години стана најмладиот освојувач на златниот медал во оваа дисциплина, а исто така и третиот најбрз човек на 800 метри. Интересно, ова е петто едноподруго злато за Кенија на ОИ во оваа дисциплина – почнувајќи од Вилфред Бунгеи со злато во Пекинг 2008, потоа Дадид Рудиша на ОИ во Лондон и на ОИ во Рио де Женеиро и Емануел Корир на ОИ во Токио.
Среброто замина на градите на Марко Ароп од Канада кој беше една десетинка побавен од Кениецот. Третото место му припадна на Џамел Сеџати од Алжир кој заврши со 0,31 секунда послабо време.
Emmanuel Wanyonyi Wins Men’s 800m Final!
What a race! pic.twitter.com/nMCI0CWtFm— @Valhalla2024 (@VALHALLA__2024) August 10, 2024