Нашите клубови во Европа не го дочекаа ни август во ЛШ и ЛК. Струга ТЛ, Тиквеш и Шкендија одиграа вкупно 8 меча и забележаа само две победи, дури шест пати беа поразени. Не минаа ниту едно коло и според резултатите досега се наоаѓаат на 51.место. Се разбира дека тоа е дебакл, но ако е за утеха, а не смее да биде, мак – фудбалот на клупски план не е најлош во Европа, имало и бетер од нас како Сан Марино и Лихтенштајн а најлош скор имаат клубовите од Србија и затоа оваа земја е на последното место во Европа.
Сепак треба да се каже дека допрва Ц. Звезда ќе настапи па секако дека и скорот, односно рејтингот ќе биде поправен.
Ова е табелата на најлошите земји, со коефициентите, досега во фудбалска Европа, поради резултатите на нивните клубови:
ТАБЕЛА
48.Андора 0.833 (2-1-8)
49.Гибралтар 0.833 (2-1-8)
50.С.Ирска 0.750 (3-0-6)
51.Македонија 0.666 (2-0-6)
52.Сан Марино 0.666 (1-2-7)
53.Лихтенштајн 0.500 (0-1-1)
54.Србија 0.200 (1-0-7)