Алексис Санчез по 13 години се врати во Удинезе

482

Чилеанскиот репрезентативец Алексис Санчез останува во Серија А, меѓутоа не во Интер, туку ќе игра за Удинезе. Санчез од 2006 до 2011 година беше во редовите на Удинезе, а од таму замина во Барселона, играше за Арсенал, Манчестер Јунајтед, Марсеј и Интер.

35-годишниот крилен фудбалер стави потпис на двегодишен договор со Удинезе, поточно до 30 јуни 2026 година.

ПретходноАмериканската штафета до осмото злато по ред на Олимпијадите
СледноЅвездениот тим на САД ја „растури“ Франција и го одбрани златото!