Интересен момент во Париз, слика реприза од Токио 2021 година кога Тамбери и Баршим си подадоа рака и го поделија златниот медал во скок во височина.
Ситуацијата се повтори но сега по друго сценарио. Едниот натпреварувач одби да го дели златото и побара „мајсторка“.
Шелби Мек Еван од САД и Хамиш Кер од Нов Зеланд беа изедначени во се, па можеа двајцата да го поделат златниот медал. Сепак, Мек Еван одби па победникот се одлучуваше во „тај-брејк“ или „мајсторка“. А победник излезе Хамиш кој го грабна златото, додека Мек Еван заврши со среброто.