Горазд Михаилов: Вардар е подготвен, ја респектираме Брера, очекувам неизвесен меч и наша победа!

645

Вардар за разлика од минатата сезона, ова е некој нов Вардар, клуб кој полека но сигурно има амбиции да се врати на победничките патеки. Нашиот најтрофеен клуб утре на стартот од новата сезона во ПМФЛ гостува во Струмица, каде под светлоста на рефлекторите од 20 часот на стадионот “Благој Истатов“ ќе ги одмери силите против Брера.

Јасно е дека ова ќе биде меч за уживање, впрочем кога играат две квалитетни екипи не може да биде поинаку.

Горазд Михаилов, стратегот на Вардар во пресрет на утрешниот меч во Струмица за “СпортСпорт“ изјави:

И ние и Брера посакуваме добар старт на новата сезона. Очекувам неизвесен меч, нијанси ќе одлучуваат, но ние сме подготвени и со нетрпение го очекувама овој дуел. Ја респектираме Брера, се засилија со неколку играчи, исто и ние. Верувам дека кој и да истрча утре во дресот на Вардар, ќе го даде максимумот. Јасно е дека утре нашите играчи ќе бидат „носени“ од поддршката на 12-тиот играч, а тоа се Комитите, нашите фанови. Ние како Вардар сме обврзани да размислуваме секогаш на позитивен резултат и на победа, така ќе биде и овојпат. Ги повикувам љубителите на фудбалот да дојдат на овој натпревар во што поголем број, се разбира нека победи фудбалот и се надевам дека во иднина ќе има повеќе вакви натпревари кои ќе се играат под рефлектори, само така можеме да го подигниме нивото на македонскиот фудбал“ заврши Михаилов.

ПретходноЈокиќ испиша историја! Дали Србинот ќе биде МВП на ЛОИ?!
СледноКадетите поразени и од Полска!