Горан Пандев: Кога играв во Анкона немав пари, а потоа Хрват ми помогна!

1419

Горан Пандев е фудбалска икона. Почитуван и респектиран ширум Европа и во светот. И достигна височините во Италија каде со Интер беше и европски првак, но сите ние знаеме дека на почетокот од неговата кариера во Италија не му беше баш така “мазно“ или лесно.

Токму тоа Пандев го кажува во емисијата „Моите најдобри 11“, и тоа за проблемите кои ги имал додека играше за Анкона:
“Бев дете тогаш во Италија кога играв во Анкона. Искрено немав пари, клубот не ни исплаќаше редовно и затоа си имав проблеми. Но затоа тука беше еден Хрват, се разбира Мики Рапаиќ кој и тоа како ми помогна. Ме зеде да живеам кај него. Исто така ми помогна и при влегувањето во првиот тим. Тој инсистираше да заиграм против Болоња. Јас на тој меч му дадов гол на Паљука и ете така не го разочарав. Голем човек е Рапаиќ“.

ПретходноНорвежанките ја “скршија“ Франција и го освоија златниот медал!
СледноШкупи денеска промовираше десет нови имиња, меѓу нив и Јапонец!