„Граѓаните“ со трофеј ја отворија новата сезона

173

Екипата на Манчестер Сити се закити со првиот трофеј сезонава, откако триумфираше во Комјунити шилд (англискиот Супер куп) против Манчестер Јунајтед по подобро изведување на пеналите.
По првото полувреме немаше голови, а во 82 минута Јунајтед поведе со голот на Гарначо. Сепак, изедначувањето стигна седум минути подоцна со гол на Бернардо Силва.
По 90 минути беше 1:1 и веднаш се премина кон изведување на пенали.
Во првата серија промаши Силва, па Јунајтед имаше предност се до четвртата серија кога промаши Санчо. Потоа се играше гол за гол се до осмата серија кога Џони Еванс промаши, а потоа Аканџи погоди за 7:6 и победа на Сити.
Сити го освои седмиот трофеј во Суперкупот, а Јунајтед остана на 21.
Идниот петок почнува новата сезона во Премиер лигата, а Јунајтед отвора против Фулам, додека Сити ќе гостува на Челзи.

ПретходноДарио Ивановски емотивно: Ја дадов и душата за тебе Македонијо!
СледноАмериканките го урнаа Бразил и по 12 години се закитија со олимпиското злато во фудбал