Дарио Ивановски: Повредата ме оневозможи да истрчам подобро време!

700

Дарио Ивановски како што е познато е првиот Македонец кој истрча маратонска трка на едно ОИ. Нашиот Дарио тоа го направи утринава по улиците на Париз, а на крајот заврши на 69.место во силна конкуренција.

Ивановски може да биде горд, но и сите во Македонија сме горди зошто тој влегувајќи во целта го разви македонското знаме пред целата светскка јавност.

Сепак тој не крие дека можеч да истрча и подобро од тие 2:28,15, но како што изјави по маратонот, тој се соочил со повреда на стапалото и коленото кои му оневозможиле да постигне подобро време.

Почитувани Македонци, пред се сакам да ви се заблагодарам за огромната поддршка која ја имав во текот на овој маратон. Кога еден маратон ќе се заврши, тогаш се вели дека тоа е успех. Да кажам дека имав мала повреда на стапалото и коленото која ја влечев од шестиот километар. Тоа ме оневозможи да го одржам темпото кое го наметнавме на стартот. Од петтиот кон шестиот километар почнав да ја влечам ногата и почнав да се мачам, но тоа е што е. Го дадов максимумот, сега следи перид на опоравување и фокус кон следните цели. Можеби сите, вклучувајќи ме и мене, имавме поголеми очекувања. По времето денеска ќе се заклучи дека ми се случувало нешто на трката, а можам да кажам дека бев и подобро подготвен според тренинзите кои ги имав пред Париз. Се надевам дека на следната трка и на следните предизвици ќе го видите стариот Дарио, – порача покрај другото Дарио.

ПретходноБронзен медал на градите на српските кошаркари на ЛОИ
СледноКелиф откако го освои златниот медал: “Јас сум жена, ова злато е од посебно значење“!