Соединетите Американски Држави ја продолжија доминацијата во дисциплината на штафетната трка 4х400 метри. Раи Бенџамин успеа да го победи Летсил Табого од Боцвана во жесток дуел во финишот на трката. Така Боцвана го освои сребрениот медал.
САД оствари време од 2:54.43 минути што претставува олимписки рекорд.
Штафетата на Боцвана остварија време од 2:54.63 минути што е африкански рекорд.
Британија ја освои бронзата со 2:55.83 минути што е европски рекорд.
На трката Јапонците поставија азиски рекорд од 2:58.33 минути.
Инаку, САД е доминантни во оваа дисциплина со 19 златни медали.