И во третиот меч од М18 ЕХФ ЕУРО во групата -Б, нашата кадетска селекција го доживеа и третиот пораз.Тие денеска загубија од селекцијата на Полска со 30:26, а тоа значи дека Македонија го зазеде последното место во групата и ќе разигрува за пласман од 17 до 24 место на овој европски шампионат. За да опстанат во А – дивизијата нашите кадети мора да се пласираат под 21.место.
Денешниот меч слабо го отворивме, Полјаците поведоа со 2:6 и таа разлика се провлекуваше во текот на целиот натпревар. На пауза се замина со 11:14, а во продолжение од средбата сепак успеавме да намалиме на – 2 разлика. Сепак и тие шанси што ги имавме за евентуален пресврт отидоа во неврат па така Македонија заслужено беше поразена, едноставно кадетите не одиграа според очекувањата.
Сега дефинитивно немаме шанси за пласман на СП 2025, останува битката да завршиме подобро од 21.место барем да избориме опстанок во оваа дивизија.