Феит Кипјегон победи на трката на 1500 метри и со тоа стана првата жена која победила на три едноподруго трки во оваа дисциплина. Таа ги има златата од Игрите во Рио, Токио и Париз. Таа вечерва победи со време 3:51.29 што претставува олимписки рекорд.
Џесика Хал е сребрена со време 3:52.56 што воедно е прв медал во оваа дисциплина за Австралија на Олимпијадите. Трета или бронзениот медал замина кај Џорџија Бел од Британија со време 3:52.61 што е национален рекорд.