Кошаркарите до 16 години против Шведска за нова победа!

228

Македонските кадети денеска го играат вториот меч на ЕП „Б“ Дивизија кое се одржува во Скопје. По убедливата победа над Украина, „црвено-жолтите“ ќе ги одмерат силите против Шведска, меч кој е закажан со почеток во 18:30 часот.

Според предводникот на нашата репрезентација, Александар Јованчев, станува збор за многу посериозен противник, против кого мора да се одигра внимателно доколку сакаат да дојдат до нов триумф.

Оние кои не можат да дојдат во салата, мечот ќе може да го гледаат на линкот во продолжение.

 

ПретходноШкупи се засили со екс играч на Мускрон и Лил, нови имиња се и Имери и Асани! (ФОТО)
СледноЌатип Османи (Струга ТЛ): Ние сме претенденти за титулата, одиме на победа против Тиквеш!