Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ќе ги одмери силите со Полска во последниот меч од групната фаза на ЕХФ ЕУРО кое се одржува во Словенија. По поразите од Франција и Германија нашите момци ќе бркаат пласман од 9-16 место или пак од 17-24, шансите за Топ 8 веќе се изгубени.
Пласманот до 16 место обезбедува опстанок и место на М20 ЕХФ ЕУРО во 2026, а може да значи и пласман на СП У19 2025. Играњето во групата од 17-24 место може да значи испаѓање од елитата и враќање во ЕХФ Шампионатите.
За да влезе во битката за пласман од 9 до 16 место, Македонија мора да ја победи Полска, ќе биде добро тоа да биде со најмалку седум гола разлика. Оваа позитива е важна за подобар пласман во однос на останатите селекции со кои „црвено-жолтите“ тркаат за подобра гол разлика.
Мечот меѓу Македонија е Полска стартува во 14:30 часот, истиот можете да го гледате на ЕХФТВ.