Египќанецот Ахмед Елгенди го донесе првиот златен медал на Египет на ОИ во Париз, а воедно го освои своето прво злато на Олимпијадите. Тој триумфираше во современ петобој со светски рекорд од 1,555 поени.
Елгенди беше сребрен од ОИ во Токио, а сега се искачи скалило погоре. Среброто го зема Јапонецот Таишу Сато, а бронзата Џорџо Малан од Италија.
Современ петобој е комбинација од пет спортови: стрелаштво, мечување, 200 м пливање слободен стил, коњичко скокање, и 3 км крос-кантри трчање.
Swimming, fencing, equestrian, shooting, and cross-country running.
Modern pentathlete Ahmed Elgendy won Egypt’s first gold medal at Paris 2024, and it didn’t come easy 🤯🥇 pic.twitter.com/PU9BJvgsis
— ESPN Africa (@ESPNAfrica) August 10, 2024