Норвежанките ја “скршија“ Франција и го освоија златниот медал!

70

Женската ракометна репрезентација на Норвешка го освои златниот медал на ЛОИ. Во големото финале Норвежанките беа подобри од ракометарките на Франција со 29:21 и со тоа станаа олимписки шампионки.

И покрај голема борба и залагање на домашните ракометарки кои беа бодрени од публиката, сепак не можеа да се носат со екстра квалитетната селекција на Норвешка која знаеше што сака во текот на целиот меч, во текот на денешното финале.

На пауза се замина со резултат 15:13 за Норвешка. Во второто полувреме нешто слично, Франција се обидуваше по секоја цена да се приближи резултатски, сепак на крајот не успеа.

Крјниот резултат беше 29:21 за Норвешка кои се закитија со златото, додека домашните ракометарки мораа да се задоволат со среброто.

ПретходноКадетите поразени и од Полска!
СледноГоран Пандев: Кога играв во Анкона немав пари, а потоа Хрват ми помогна!