Пеп Гвардиола: Морам да одлучам што сакам да правам со мојот живот!

469

Денеска (16 часот) во битка за пехарот во Комјунити Шилд се среќаваат градските ривали Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед. Со ова всушност стартува и новата сезона во англискиот фудбал.

Во пресрет на денешниот меч стратегот на “граѓаните“ Пеп Гвардиола со пиетет говореше за противникот како и секогаш, но поинтересно беше тоа што тој одговори на новинарското прашање дека токму тој е најсоодветно решение за селектор на Англија:

Морам да одлучам што сакам да правам со мојот живот – да останат тука, да одморам, да ја преземам репрезентацијата на Англија. Секако, сега сум тука. Мојата енергија повторно е голема и возбуден сум за новата сезона. За мене предизвик е да се соборуваат сопствените рекорди“ истакна Пеп.

ПретходноНа крајот драма, Данска со триумф над Словенија за пласман во финалето!
СледноСловенците бесни на судиите по драмата со Данска