Разочара на 1500 метри, но го грабна златото на 5000 метри

180
FOTO> Twitter/Paris 2024

Норвежанецот Јакоб Ингебригтсен го освои златниот медал во дисциплината 5000 метри со моќен финиш. Тој во финишот успеа да ги претрка конкурентите и да избие на првото место. Ја помина делницата со време 13:13.66 минути.

На тој начин Норвежанецот по разочарувачкиот настап на трката на 1500 метри (четврто место во финалето) успеа да се рехабилитира, пред се психички и да триумфира на пет километарската трка. Ова е второ злато за него по она од Токио во 2021 година на 1500 метри.

Второто место му припадна на Роналд Квемои од Кенија, а третото место за Грант Фишер од САД што е негов втор бронзен медал на оваа Олимпијада.

ПретходноНов светски рекорд на ОИ во Париз, го постави Египќанецот Елгенди
СледноКадетите ја победија и Шведска за 100% ефект по две кола