Доминик Соланке е најскапото засилување на Тотенхем

333

Англискиот офанзивец Доминик Соланке го напушти Борнмут и се пресели во редовите на Тотенхем. Фудбалерот потпиша договор до јуни 2030 година. Иако не се соопштени детали околу трансферот, медиумите откриваат дека ова е рекорден трансфер на „спарси“ во историјата. Сумата изнесува 65 милиони фунти во која се вклучени и бонуси.

Соланке е дете на Челзи, за првиот тим одигра само еден меч и беше позајмен во Витесе. Од таму отиде во Ливерпул каде што не се изнаигра и за две сезони впиша 21 премиерлигашки настап. Во Борнмут отиде во 2019 година каде што се препороди и се препорача на клуб како Тотенхем.

Тој ги има поминато сите младински категории на Англија, со У20 беше светски шампион и најдобар стрелец на тоа првенство. Има и еден настап за сениорскиот тим.

 

 

ПретходноАмериканките го урнаа Бразил и по 12 години се закитија со олимпиското злато во фудбал
СледноПетто едноподруго злато за Кенија на 800 метри