„Фондацијата Марко Божиновски“ која е основана во чест на прерано згаснатиот живот на ракометарот Марко Божиновски продолжува во својата мисија. Во чест на Марче и Андреј Петрески, заедно со родителите на Андреј донираа апарати за контрола на срцевиот ритам на РК Бутел Скопје. Ова е клубот за кого Марче ги одигра последните натпревари.
„Ова е само почеток, а наша цел е да ги снабдиме сите ракометни клубови во Македонија со овие мерачи, а со тоа навремено да се детектираат срцеви аномалии кај ракометарите.
А тоа можеме да го сториме само со ваша помош, преку повик и донација на броевите : А1: 143-800, Телеком: 143-403“, порачаа од фондацијата.