Франција ја декласира Полска и го освои златото!

95

Во финалето на одбојкарскиот турнир селекијата на Франција просто ја декласира Полска со 3:0 во сетови и со го освои златниот медал на ЛОИ во Париз. Фантастично одигра домашната селекција, во сите сегменти на одбојкарската игра го надигра својот голем ривал и заслужено дојде до триумфот. Момците на селекторот Андреа Џани, инаку Италијанец, едноставно беа фантастични.

Првиот сет Французите го добија со 25:19, во вториот беше 25:20 а во третиот Полјаците спасија повеќе меч топки, но сепак го загубија со 25:23 за еуфорија кај Французите.

Ова значи дека одбојкарска селекција на Франција успеа да го одбрани златото од минатите ОИ во Токио, што секако е голем успех.

ПретходноЌатип Османи (Струга ТЛ): Ние сме претенденти за титулата, одиме на победа против Тиквеш!
СледноЈокиќ испиша историја! Дали Србинот ќе биде МВП на ЛОИ?!