Шкупи денеска промовираше десет нови имиња, меѓу нив и Јапонец!

1011

Се чини дека Шкупи денеска уриваше рекорди. Имено тимот од Чаир промовираше десет нови имиња. Веќе информиравме за Гуе, Џелил Асани, Демир Имери, но нови имиња се и Јапонецот Канда Јумеми. Значи покрај Такахара во Струга ТЛ, во новата сезона во ПМФЛ ќе имаме уште еден интернационалец од Јапонија.

Исто така нови имиња се и Флоријан Кадриу, потоа Кристијан Блажевски, Емир Асани, Георг Стојановски, Амар Мелиќи и Нуман Ајетовиќ.

Се разбира дека со сите овие нови играчи тренерот на Шкупи, Ернест Ѓока ќе има респектабилен тим кој би можел да се бори за горниот дел на табелата. Но јасно е дека сето тоа треба да се воигра, коцките да се вклопат.

Ќе видиме како тоа ќе изгледа кога станува збор за Шкупи.

ПретходноГоран Пандев: Кога играв во Анкона немав пари, а потоа Хрват ми помогна!
СледноГООООЛ…Бабунски “тресе“ за Данди Јунајтед! (ВИДЕО)