Ел Хаџи Гуе (24) од Сенегал е ново име во таборот на Шкупи. Чаирчани попладнево се пофалија со дефанзивецот кој во својата кариера бил член на Мускрон и Б тимот на Лил. Го најавуваат Гуе како големо засилување во одбраната на својот тим.
Исто така нов член на Шкупи е офанзивецот Демир Имери. Офанзивецот досега има играно за Работнички, Шкендија, Турново, а долго време играше и во странски клубови.
Инаку официјално нов член на Шкупи е и Џелил Асани. И тој е дефанзивец, а има богато интернациоанално искуство. Инаку Асани е поранешен играч на Металург и Шкендија. И од него чаирчани очекуваат многу.
Инаку се најавуваат уште официјални промоции во дресот на Шкупи.