Србија освои бронза на кошаркарскиот турнир на ЛОИ во Париз, откако во битката за 3.место ја победи Германија, инаку актуелен светски шампион.
Уште една блескава партија на Никола Јокиќ кој заврши со трипл – дабл и тоа со 19 поени, 12 скокови и 11 асистенции.
Со овој скор Србинот се запиша во историјата на ОИ ако се знае дека пред него тоа го сториле само Сергеј Белов во 1976, потоа Леброн Џејмс во полуфиналето со Србија и Лука Дончиќ во Токио 2021 година.
Според сите параметри Јокиќ би требало да биде МВП на овој кошаркарски турнир,одигра фантастично, но сепак допрва се игра финалето меѓу Франција и САД.