Машката штафета триумфираше на трката 4х400 метри, а истото го направи и женската штафета.
Американките истрчаа доминантно и го донесоа осмото едноподруго злато на 4х400 метри на Олимписките игри. Тие поставија време 3:15.27 минути што претставува нов американски рекорд и второ најдобро време во историјата на Игрите.
Сребрените медали заминаа кај Холанѓаните кои истрчаа во време од 3:19.50 минути, а бронзата ја освои штафетата на Британија со време 3:19.72 минути.