Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски ја заврши маратонската трка на Летните Олимписки Игри. Ивановски е првиот Македонец кој успеал да ја мине целта на едни Игри, неговото време е 02:28:15. Тој заврши на 69-то место во конкуренција на 81 натпреварувач.
И покрај големата желба да го поправи својот рекорд, сепак Дарио успеа да го истрча маратонот и покрај тоа што во текот на вчерашниот ден имал здравствени проблеми.
Моментот кој останува запаметен е неговото пристигнување на целта со македонското знаме.
Македонија на овие ЛОИ имаше шест претставника, Ивановски беше последниот кој настапи. Сите дојдоа со вајлд-карта.